Трикратниот олимписки шампион, Австриецот Матијас Мајер, ја шокираше светската јавност, пред стартот на денешната трка во супер-џи во Бормио. Мајер објави дека става крај на успешната кариера.
На 32-годишна возраст, Мајер го напушта скијањето среде сезоната со завидни достигнувања во дванаесетгодишната кариера: тој освои четири олимписки медали, вклучувајќи три златни (супер-џи во 2018 и 2022 година, спуст во 2014 година, бронза во спуст во 2022 година) , и 45 пати се искачи на подиумот, вклучувајќи 11 победи на Светскиот куп.
“Минатата сезона беше прекрасна, трет пат станав олимписки шампион, добро влегов и во оваа сезона. Среќен сум. Но, доста ми е. Денеска го направив последниот преглед, повеќе ја немам потребната желба”, изјави тој. австриската телевизија ОРФ непосредно пред почетокот на траката во Бормио.