Утрински Весник
Спорт

Блинд: Не ја замислував вака разделбата со Ајакс

Блинд: Не ја замислував вака разделбата со Ајакс
Dik 300x250 mk

Холандскиот репрезентативец Дејли Блинд се прости од соиграчите во Ајакс, но и го сподели своето разочарување поради разделбата со гигантот од Амстердам. Тој беше ослободен, откако одигра повеќе од 300 натпревари за тимот и освои седум титули.

dobivaj vesti na viber

„Не ја замислував вака мојата разделба од Ајакс, но некои околности доведоа до овој крај“, напиша 32-годишниот фудбалер на Твитер.

Дефанзивецот не сакаше да ги открие „околностите“ за неговото ненадејно заминување, но холандските медиуми шпекулираат дека ја загубил довербата кај тренерот Алфред Шредер.

Договорот на Блинд имаше клаузула за автоматско продолжување доколку играчот од средниот ред настапи на 24 натпревари. Тој забележа 19 настапи од почетокот на сезоната, но го загуби стартното место во октомври.

Интерес за Блинд има од Антверпен, Реал Сосиедад и клубови од МЛС – лигата.

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“