Џејмс Камерон откри дека отсекол 10 минути од новиот филм „Аватар: Патот на водата“ кои содржат оружје.
Режисерот објасни дека не сакал да го фетишизира оружјето среде американската битка за контрола на оружје и затоа ја извадил таа секвенца од филмот.
Во интервју за „Есквајр мидл ист“ Камерон изјави: „Имав малку криза во верата додека го монтиравме филмот заедно. Беше премногу насилно. Сакав рамнотежа меѓу убавината, епифанијата, духовниот аспект на филмот и акцијата. Почувствував дека стана премногу мрачно.“
„Насилството и акцијата се иста работа, во зависност од тоа како гледате на тоа. Ова е дилемата на секој акционен режисер, а јас сум познат како акционен режисер.“
Камерон во минатото режираше насилни филмови, меѓу кои „Терминатор“ и „Рамбо“.
„Се навраќам на некои филмови што сум ги снимил и не знам дали би сакал да го снимам тој филм сега,“ додаде тој.
„Не знам дали би сакал да го фетишизирам оружјето, како што направив на неколку филмови со Терминатор пред 30 и повеќе години, во нашиот сегашен свет. Она што се случува со оружјето во нашето општество ми го превртува желудникот.“
„Среќен сум што живеам во Нов Зеланд каде ги забранија сите автоматски пушки две недели по ужасното пукање во џамија што се случи пред неколку години.“