Утрински Весник
Спорт

Пикси обвинет дека земал милион и пол евра бонус за „фијаското“ на Мундијалот

Пикси обвинет дека земал милион и пол евра бонус за „фијаското“ на Мундијалот

Состанокот на извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), прво во празнична атмосфера ги прогласи селекторот Драган Стојковиќ Пикси и Александар Митровиќ за најдобри во годината, по што паднаа сериозни обвинувања на сметка на Пикси и претседателот на ФСС, Ненад Бјековиќ за нивните „дебели“ бонуси за настапот на СП.

dobivaj vesti na viber

Србија на СП и покрај големите очекувања испадна во групната фаза со последно место во групата во која беа и Бразил, Швајцарија и Камерун со еден освоен поен.

Новица Тончев, членот на ИО, го обвини Пикси дека земал бонус од милион и пол евра за неуспехот на СП во Катар, додека Бјековиќ, како и неговите соработници Јован Шурбатовиќ и Стеван Стојановиќ добиле по 350.000 евра. Тој исто така побара формирање на комисија за утврдување на сумата која е потрошена за настапот на СП, за големата делегација на федерацијата и трошоците кои тие ги направиле.

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула