Утрински Весник
Свет

Зеленски: Речиси девет милиони Украинци во различни области се без струја

Зеленски: Речиси девет милиони Украинци во различни области се без струја

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја оцени ситуацијата во Донбас, на истокот на Украина, како „тешка и болна.

dobivaj vesti na viber

„Бахмут, Кремина и други области во Донбас, кои сега бараат максимална сила и концентрација. Ситуацијата таму е тешка, болна“ – рече Зеленски во своето видеообраќање.

Тој изјави дека руските сили ги користат сите ресурси што им се на располагање за да постигнат барем одреден напредок, пренесува Интерфакс Украина.

Зеленски рече дека недостигот на електрична енергија сè уште постои и дека речиси девет милиони луѓе останале без струја.

Тој рече дека работниците кои ја поправале мрежата по повторените руски напади повторно поврзале многу луѓе за време на Божиќ, но дека проблемите и понатаму постојат, објави Ројтерс.

Можете да прочитате

Земјата се врти побрзо ова лето, мерачите на време размислуваат да направат преседан

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови