Утрински Весник
Свет

Европската Унија го поздравува укинувањето на смртната казна во Замбија

Европската Унија го поздравува укинувањето на смртната казна во Замбија

Европската Унија денеска го поздрави чекорот на претседателот Хакаинде Хичилема за укинување на смртната казна во Замбија.

dobivaj vesti na viber

„Ова достигнување испраќа силен сигнал до земјите во регионот и во светот придонесувајќи за постепено укинување на смртната казна во Африка и пошироко. Смртната казна е сурова, нечовечка и понижувачка. Европската Унија силно се спротивставува на смртната казна во сите околности и ќе продолжи да работи на нејзино укинување во целиот свет“, се вели во реакцијата на Унијата.

Европската Унија го поздравува и укинувањето на кривичното дело клевета на претседателот, што за ЕУ ​​е „јасен сигнал за ангажманот на Замбија на патот кон консолидација на демократијата и заштита на човековите права во земјата“, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра