Утрински Весник
Спорт

Швјонтек прогласена за најдобра во Европа

Швјонтек прогласена за најдобра во Европа

Тенисерката од Полска, Ига Свијатек е прогласена за најдобра спортистка во Европа, во изборот на Полската новинска агенција (ПАП) на кое учествуваа 20 новински агенции од Европа. ПАП 65. пат го организира изборот за најдобар европски спортист.

dobivaj vesti na viber

Младата полска тенисерка во изминатите 12 месеци освои осум турнири, меѓу кои Ју-ес опен и Ролан Гарос, а од април е водечка тенисерка во светот.

Во изборот таа победи со 118 поени, на второто место е шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис (106 поени), трет е холандскиот Формула 1 возач Макс Верстапен (82 поени).

Следуваат шпанските тенисери Карлос Алкараз (76 поени) и Рафаел Надал (66), францускиот фудбалер Килијан Мбапе (55), норвешкиот биатлонец Јоханес Тингнес Бое (50), норвешката крос-кантри скијачка Тереза Јохауг (42), романскиот пливач Давид Поповичи (37) и данскиот велосипедист Јонас Вингегард (33).

Во гласањето учествуваа новинари од 20 европски новински агенции. Секоја агенција ја состави својата листа на најдобрите десет, а гласови добија вкупно 58 спортисти – 42 мажи и 16 жени.

Рекордот го држи Швајцарецот Роџер Федерер со пет победи, едена помалку има српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Советскиот скокач во височина Валери Брумел и германскиот Формула 1 пилот Михаел Шумахер славеа по три пати.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари