Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Најголемите лаги на Мицкоски во 2022 година; лага 1: асимилација и бугаризација

(Видео) Каевски: Најголемите лаги на Мицкоски во 2022 година; лага 1: асимилација и бугаризација

По голем број лаги и невистини на Христијан Мицкоски ќе остане запаметена 2022 година. Мицкоски стана целосен заложник на Димитар Апасиев. Немаше период од годината а Мицкоски да не излезеше со тешка лага, манипулација или конструкција рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

– Лага број #1, првата и најголема лага на Мицкоски за 2022 година е дека ќе ни се случи асимилација и бугаризација! Со оваа голема лага Мицкоски и Апасиев создаваа хистерија во јавноста и го потпалуваа народот. Токму под слоганот „Не за асимилација и бугаризација“ Мицкоски и Апасиев водеа секојдневни насилни протести против францускиот односно европскиот предлог. Резултат на таа хистерија беа насилните протести и фрлањето молотиви коктели врз институциите. Лажеше Мицкоски и за македонскиот јазик, заедно со неговите пратеници лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект.Се потврди дека Мицкоски ги лаже сопствените граѓани, нема став и затоа е во целосно заложништво на Димитар Апасиев.Едноставно, на Мицкоски не може да му се верува рече Каевски.

Можете да прочитате

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ