Утрински Весник
Спорт

Филипс не тренира затоа што има вишок килограми

Филипс не тренира затоа што има вишок килограми

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола објасни дека Калвин Филипс не бил во протоколот за натпреварот против Ливерпул во Лига купот бидејќи се здебелил.

dobivaj vesti na viber

По учеството на Светското првенство со репрезентацијата на Англија, Калвин Филипс се врати во клубот со вишок килограми.

„Тој не е повреден. Се врати со прекумерна тежина. Не знам како и зошто. Тој не се врати во клубот во состојба во која може да тренира и да игра“, изјави Гвардиола, кој исто така рече дека е изненаден од тоа бидејќи се подразбира дека во репрезентацијата има цел тим нутриционисти кои се грижат за играчите.

„Кога ќе биде подготвен, ќе игра затоа што ни треба“, додаде тој, но не сакаше дополнително да разговара за ова прашање.

„Тоа е тема за приватен разговор со Калвин“, заклучил менаџерот на Манчестер сити.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина