Утрински Весник
Магазин

Мажите кои изневеруваат го купуваат овој божиќен подарок и за своите сопруги и за љубовниците

Мажите кои изневеруваат го купуваат овој божиќен подарок и за своите сопруги и за љубовниците

Повеќето од нас ќе се присетат на култната сцена во Love Actually („Всушност, љубов“), кога ликот на Алан Рикман се обидува скришум да купи подарок за својата љубовница додека сопругата купува во близина, а сето тоа додека продавачот несвесно одолговлекува со виткањето на подарокот.

dobivaj vesti na viber

Шенон Хил, поранешна продавачка во „Шанел“, често на социјалната мрежа „Тик-ток“ споделува интересни детали и искуства од својата работа, а во пресрет на празниците сними и видео на тема што мажите им купуваат на љубовниците како подарок, пренесува британски „Мирор“.

Таа раскажува како почнала да работи во продавницата за луксузни производи кога имала 19 години, и тврди дека за време на долгогодишната работа научила да ги препознава сите видови клиенти, вклучително и сопрузи кои ги изневеруваат своите сопруги.

Шенон и нејзините колеги отсекогаш знаеле кога машки купувач е неверен за време на Божиќ, со еден посебен подарок, кој тие во шега го нарекувале „мртов подарок“.

Таа открива дека продавницата во која работи има зачувано податоци за сите минати купувања, каде може да се најдат производите што ги купуваат жените, па така и нивните партнери избираат подароци врз основа на таа листа.

Потоа објаснува дека често се случува некои од нив да изберат ист парфем и за сопругата и за својата љубовница и додава дека причината за тоа е сосема јасна.
„Тие не сакаат нивната љубовница да мириса поинаку, па сопругите тоа да го сфатат“, рече Хил.

Продавачката вели и дека тоа е секогаш истиот парфем – Coco Mademoiselle. „Никогаш не е Шанел 5, тој го купуваат за своите мајки. Никогаш Chance, секогаш е еден ист“, вели Хил во видеото кое собра илјадници лајкови и тони коментари.

Ова беа некои од коментарите: „Колку е слатко кога мажот ѝ купува на сопругата не еден, туку два парфеми“, „Работев во златарница и се случи истото – купуваа ист подарок за сопругите и љубовниците“, „Така поранешниот ми даде подарок наменет за неговата љубовница. Сфатив бидејќи не носам џемпер XS големина“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста