Утрински Весник
Свет

Зимската бура која ќе ги погоди САД, го носи најстудениот Божиќ во последните 40 години

Зимската бура која ќе ги погоди САД, го носи најстудениот Божиќ во последните 40 години

Големата зимска бура што ќе ги погоди САД оваа недела би можела да им го донесе на делови од земјата најстудениот Божиќ во последните четири децении, велат метеоролозите.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 90 милиони луѓе во 37 држави се под предупредување за зимско време, јавува Би-Би-Си.

Дури и Флорида, сончевата држава, се прогнозира дека ќе го доживее најстудениот Божиќ во последните 30 години.

Националната метеоролошка служба објави дека до крајот на оваа недела во некои делови од земјата можни се температури од минус 45 Целзиусови степени.

Гувернерите на Кентаки и Северна Каролина прогласија вонредна состојба.

Снежните услови и замрзнатите коловози се очекува да предизвикаат сообраќаен хаос викендов.

Стотици летови од Денвер и Чикаго се веќе откажани. Чикаго е предупреден да се подготви за обилни снежни врнежи од четврток, кои ќе бидат придружени со налети од 80 км/ч, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи