Утрински Весник
Култура

Фонтана, Џамбо и пријателите го продолжуваат своето „Патување“ со концерт во Струмица

Фонтана, Џамбо и пријателите го продолжуваат своето „Патување“ со концерт во Струмица

Фонтана, Џамбо Агушев, заедно со Камерниот Оркестар IWCONNECT и спњцијалните гости ќе одржат голем концерт на 26ти декември од 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Како специјални гости на овој концерт ќе бидат една од најпознатите балкански вокални интерпретаторки Даница Крстиќ од Србија, како и еден од најдобрите светски гитаристи Ангел Демирев од Бугарија.

dobivaj vesti na viber

– Концертот со наслов „Патување“ ќе биде едно уникатно музичко доживување за публиката. Балканската музичка традиција спакувана во посебни и урбани аранжмани ќе биде главниот двигател на ова „патување“, но покрај тоа ќе допреме и до богатата европска романтичност и сето тоа ќе биде изведено од триесетина музичари на сцената. Ветуваме уште еден несекојдневен музички настан кој ќе ја одбележи оваа година на културен и уметнички план, велат Џамбо Агушев и Благојче Трајковски.

Оваа иста музичка екипа пред одржа спектакуларен концерт во рамките на „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Тоа беше настан кој предизвика многу воодушевување и силни емоции. Сето тоа беше одличен поттик и инспирација овој концертен спектакл наречен „Патување“ да започне свое патување низ градовите во Македонија и регионов. Па оттука, со сигурност можеме да кажеме дека во понеделник на 26ти декември Струмица ќе биде центарот на културата и уметноста во нашата држава.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“