Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека е на пат за САД, во неговата прва странска посета од избувнувањето на војната пред 300 дена.
Тој се огласи на Твитер.
„ На пат кон САД за зајакнување на отпорноста и одбранбените способности на Украина. Конкретно, јас и Бајден ќе разговараме за соработката меѓу Украина и САД, а ќе имам и говор во Конгресот и серија билатерални состаноци“, напиша Зеленски.
On my way to the US to strengthen resilience and defense capabilities of 🇺🇦. In particular, @POTUS and I will discuss cooperation between 🇺🇦 and 🇺🇸. I will also have a speech at the Congress and a number of bilateral meetings.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 21, 2022
И американскиот претседател Џо Бајден утринава потврди дека Зеленски денеска ќе го посети Вашингтон.
Бајден во изјавата рече дека Зеленски ќе оди во Белата куќа пред да се обрати на заедничката седница на Конгресот „на која ќе покаже силна, двопартиска поддршка за Украина“.