Утрински Весник
Спорт

Меси е новиот крал на „Инстаграм“

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Лионел Меси како капитен ја предводеше Аргентина до третата светска шампионска титула во историјата и го исполни својот најголем сон.

dobivaj vesti na viber

Новите светски шампиони утрово се вратија во својата земја. Владата прогласи државен празник и подготвува спектакуларен дочек попладне по аргентинско време, каде што, според процените, ќе има неколку стотици илјади навивачи.

Меѓутоа, додека Меси и друштвото ја слават титулата најдобар на светот по 36 години, на „Инстаграм“ се водеше вистинска мала војна меѓу луѓето што го следат и едно јајце.

Аргентинскиот ас утрово собори уште еден рекорд. Неговата фотографија, на која го држи трофејот светски шампион, стана објава со најмногу лајка во историјата на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Засега ги има над 57 милиони. Трката се уште трае и е вистински хит на социјалните мрежи, а Меси моментално води пред јајцето со милион лајкови.

Во 2019 година непознато лице го отвори профилот на Инстаграм „world_record_egg Инстаграм профил“ и објави фотографија од јајце. Целта на овој социјален експеримент беше да се надмине објавата на Кајли Џенер од 18 милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Egg Gang 🌎 (@world_record_egg)

Само една недела подоцна, рекордот беше соборен, а до денес сликата на јајцето собра над 56 милиони лајкови.

Роналдо и Меси пред почетокот на СП, се појавија во реклама за Луј Витон. Оваа објава собра 42 милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари