Утрински Весник
Спорт

Светските шампиони пристигнаа во својата татковина

Светските шампиони пристигнаа во својата татковина

Авионот со репрезентативците на Аргентина слета во Буенос Аирес. По долгиот лет и краткиот престој во Рим, Меси и неговите соиграчи во својата татковина го донесоа трофејот наменет за светските шампиони.

dobivaj vesti na viber

Караванот со фудбалери треба да тргне од аеродромот кон главниот град на Аргентина. Локалните медиуми истакнуваат дека во Буенос Аирес се подготвува спектакуларен пречек на фудбалерите, а на улиците се очекуваат стотици илјади луѓе.

Централната прослава ќе биде организирана пред претседателската палата Каса Росада, а Лионел Меси и соиграчите треба да се појават со пехарот на балконот од оваа зграда.

На ова место се славеше и во 1986 година кога Аргентина ја освои титулата на Светското првенство во Мексико, а Диего Армандо Марадона го изнесе трофејот пред навивачите.

Аргентинците речиси цела ноќ ги чекаат своите херои, а Буенос Аирес е преплавен од илијадници луѓе.

Аргентина по трет пат во историјата ја освои титулата светски првак, откако во финалето по подобро изведување на пенали ја совлада Франција со вкупен резултат 7:5. Натпреварот по 90 минути заврши без победник 2:2, а по дополнителни 30 минути беше 3:3.

 

Можете да прочитате

Медиуми: Нејмар сонува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија

Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер