Утрински Весник
Македонија

Сончево време со мала облачност и температура до 10 степени

Сончево време со мала облачност и температура до 10 степени

Времето утрово ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност.

dobivaj vesti na viber

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 4, а максималната ќе достигне до 6 степени, информираат од УХМР.

Во следндите денови следи период на стабилно време со пониски утрински температури. Денес и во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?