Германската амбасадорка во Белград, Анке Конрад, денеска изјави дека Србија е нивен партнер со добар развој во повеќе аспекти и изрази очекување како земја кандидат за влез во ЕУ да се приклучи кон санкциите против Русија.
Конрад изјави дека клучниот предизвик е рускиот напад врз Украина, кој ЕУ го смета за кршење на меѓународното право и кој го осуди заедно со Србија во ОН, но дека постојат разлики во разбирањето што да се прави со тие осуди во рамките на ЕУ.
„ЕУ одлучи да воведе санкции кон Русија – Србија досега не се приклучи на санкциите, ова е тема на која имаме разни мислења. Се надеваме дека Србија како земја кандидат за влез во ЕУ ќе одлучи за санкции како и другите земјите што направија за Западен Балкан, но Србија ќе одлучи за тоа“, вели амбасадорот во интервју за Н1.