Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин разговараше со Лукашенкo: „Белорусија е нашиот најблизок сојузник“

(Видео) Путин разговараше со Лукашенкo: „Белорусија е нашиот најблизок сојузник“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, пристигна во Минск, каде што разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко.

dobivaj vesti na viber

Една од темите на средбата била безбедносната состојба во регионот и заедничките мерки за одговор на можни закани. Путин на аеродромот го пречека лично Лукашенко.

„Белорусија не е само наш добар сосед, со кој соработуваме со децении, туку наш најблизок пријател, сојузник. На крајот на 2021 година нашата трговска размена достигна раст од над 30 отсто, а од почетокот на специјалната операција соборивме нов рекорд и достигнавме трговска размена од речиси 40 милијарди долари. Исто така, градиме нови нуклеарни централи и развиваме нови нуклеарни блокови во електрани“, рече рускиот претседател Владимир Путин во Минск.

Лукашенко, од своја страна, изрази надеж дека Западот ќе го „слуша гласот на разумот“ и дека дијалогот за безбедноста ќе продолжи.

Тој посочи дека Русија и Белорусија благодарение на заедничката работа ќе успеат да ги надминат потенцијалните негативни последици од притисокот од санкциите.

Можете да прочитате

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар