Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Стабилен и сигурен електроенергетски преносен систем без технички загуби со новиот далекувод во Овче поле

Ковачевски: Стабилен и сигурен електроенергетски преносен систем без технички загуби со новиот далекувод во Овче поле

Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани денеска во Овче Поле присуствуваа на започнувањето на градба на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле. Со овој далекувод се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија што е од огромен јавен интерес во услови на глобална енергетска криза.

dobivaj vesti na viber

„Постојаното инвестирање и оптимизација на капацитетите и ресурсите за пренос на електрична енергија значат постигнување на еден од најважните јавни интереси во услови на енергетска криза, а тоа е доверлив и стабилен електроенергетски систем. Токму денеска овде во близина на Мамутчево присуствуваме на започнување со изградба на една ваква важна инвестиција како што е овој 110 kV далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица Овче Полe во вредност од 2,3 милиони евра. Со овој далекувод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија, во кои забрзано се инвестира во изминатиот период“ порача премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека „важно е што ние како држава сме насочени во изградба на капацитети за производство на струја од обновливи извори која се интензивираше во последниот период со енергетската криза, а за пренос на таа електрична енергија ни е потребен стабилен систем, и тоа го обезбедуваме со овој далекувод. Токму во велешко-овчеполскиот регион се и најголемите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, кои се реалиизраат или допрва ќе почне нивната реализација. Во овој дел од државата на државно земјиште во селото Амзабегово е 25 MW фотонапонска централа, на потегот Овче Поле – Штип се гради ветерната електрична централа Богословец со инсталирана моќност од 36 MW, а во најава е и изградба на фотонапонска централа кај селото Ерџелија и инвестицијата на француската Акио Енерџи во 400 мегаватна фотонапонска централа, најголема во Европа. Со изградбата на овие проекти Република Северна Македонија ќе биде пример во Европа и во регионот за зелена транзиција“.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“