Греењето е целосно обновено во Киев по последното руско бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, изјави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко.
„Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, напиша Кличко на Телеграм.
„Конкретно, системот за снабдување со топлинска енергија во главниот град е целосно обновен. Сите извори на топлинска енергија работат нормално“ вели тој.
Украинските власти соопштија дека Русија истрелала повеќе од 70 проектили во петокот во еден од најжестоките напади од инвазијата на 24 февруари, предизвикувајќи прекин на електричната енергија низ целата земја и прекин на пристапот до топлина и вода.
Температурите во Киев и многу места низ Украина денеска беа под нулата, а главниот град се прогнозира до вечер таа да се спушти до минус 6 Целзиусови степени.
Киев е убедливо најголемиот град во Украина со проценето население од околу 3 милиони жители, а уште два милиони живеат во регионот на Киев.