Утрински Весник
Спорт

Бускетс стави крај на репрезентативната кариера

Бускетс стави крај на репрезентативната кариера

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс потврди дека ја заврши репрезентативната кариера.

dobivaj vesti na viber

34. годишниот фудбалер напиша долга порака на социјалните мрежи во која ја објасни својата одлука по 15 години да ја напушти репрезентацијата.

„Поздрав до сите! Сакам да најавам дека по речиси 15 години и 143 натпревари, дојде време е да се збогувам со репрезентацијата“, напиша Бускетс и дополни.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои беа со мене на ова долго патување. Од Висенте дел Боске кој ми даде можност да започнам, до Луис Енрике кој ме натера да уживам до последната секунда. Исто така им благодарам за довербата на Хулен Лопетеги, Фернандо Јеро и Роберт Морено како и на целиот штаб на репрезентацијата“.

Бускетс, исто така, одвои време да им се заблагодари на соиграчите, на целиот персонал со кој работеше, на навивачите и неговото семејство и јасно стави до знаење дека е „била голема чест“ да се претставува Шпанија.

Капитенот на националниот тим му посака се најдобро во идннина со новиот селектор Луис де ла Фуенте, кој го замени Луис Енрике по Светското првенство во 2022 година.

Бускетс го одигра последниот натпревар за Шпанија во осминафиналето на Светското првенство во Катар против Мароко.

Со репрезентацијата на Шпанија го освои Светското првенство во 2010 година, а две години подоцна и Европското првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Busquets (@5sergiob)

Можете да прочитате

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност

Медиуми: Нејмар сонува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија