ЈОУ Културен и информативен центар Битола во соработка со Кинотеката и со поддршка на Амбасадата на Полска во Македонија го најавуваат следниот филмски настан во Кино Манаки „Недела на полски филм“.
Полската филмска школа позната во Европа и светот, по својот автентичен филмски потпис остави зад себе бројни антологиски филмски остварувања.
Дел од тие филмски остварувања, битолската публика ќе има можност да ги проследи во периодот од 20 – 26 декември, со почеток во 20.00 во Кино Манаки. Влезот е слободен.