Утрински Весник
Свет

Во Дубровник пијаните возачи ќе можат да добијат бесплатно такси за празниците

Во Дубровник пијаните возачи ќе можат да добијат бесплатно такси за празниците

Во Дубровник започна акцијата на Здружението за безбедност во сообраќајот и „Сино такси“ наречена „Ако пиеш, не вози, само јави се“, која ќе им овозможи на возачите во градот кои не сакаат да седнат зад волан пијани да користат бесплатно такси за време на празниците.

dobivaj vesti na viber

„Кога зборуваме за млади возачи, морам да кажам дека комбинацијата на алкохол, младост, желба за докажување и адреналин доведува до најсериозни последици“, изјави за ХРТ, Денис Павела од Здружението за безбедност во сообраќајот.

Веќе четврта година по иницијатива на Здружението за безбедност во сообраќајот се спроведува бесплатна акција во петок и сабота. Од 21 часот до полноќ таксистите бесплатно ќе превезуваат пијани возачи на повик.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам