Утрински Весник
Спорт

Каков пад! Од шеф на Ф1, Маси сега ќе биде одговорен за картинг-трки во Австралија

Каков пад! Од шеф на Ф1, Маси сега ќе биде одговорен за картинг-трки во Австралија

Поранешниот шеф на трки во Ф1, Мајкл Маси, кој беше сменет по контроверзите во завршницата на Ф1 сезоната во 2021 година, има ново задолжение за 2023, кога ќе стане директор на Картинг Австралија, федерацијата за картинг-трки.

dobivaj vesti na viber

Австралиецот беше сменет од претседателот на ФИА, Мохамед Бин Сулајем, откако ФИА одлучи дека тој згрешил при неговата одлука на Абу Даби ГП трката во 2021, кога дозволи дел од болидите да ги претекнат лидерите под безбедносно возило, така дозволувајќи Макс Ферстапен во последниот круг да го помине Луис Хамилтон и да стане светски шампион.

ФИА првично најави дека Маси ќе добие друга улога во федерацијата, но тој си замина целосно од ФИА, за во септември да стане претседател на комисијата за Суперкарс серијата во Австралија. Маси порано беше заменик директор на трки во Суперкарс серијата, пред во 2016 година да биде поставен како втор човек на Чарли Вајтинг, за во 2019 да ја преземе улогата на Вајтинг, по неговата ненадејна смрт.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија