Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неспособност, за партизација и хаос

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неспособност, за партизација и хаос

„ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неспособност, за партизација и хаос во единиците на локалната самоуправа кои ги предводи. Хаосот е највидлив во Град Скопје. Нема реализирано ниту еден проект од програмата, не се реализираат ниту наследените проекти кои се во одмината фаза и за чија реализација се обезбедени пари. Јавниот превоз е во колапс, ЈСП тоне во долгови, а катастрофална е состојбата и во други Јавни препратија како „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“ рече денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека „во оваа најкризна година, многу општини ги зголемија цените на комуналните услуги“.

„Во Штип цената на ѓубретарина е зголемена за дури 110 отсто, во Гевгелија 90 отсто, во Прилеп за 67 отсто, поскапени комунални услуги има и во Охрид, во Радовиш, Во Виница… Додека удираат по џебот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и парите од задолжувањата ги трошат расипнички на непродуктивни трошоци и на партиски вработувања. Во сите овие општини, но и во многу други како Град Скопје, Бутел, Кисела Вода, Велес, Битола, Ресен, се случува масовна партизација каде општините и јавните претпријатија се полнат со кадри од ВМРО-ДПМНЕ“ рече Каевски.

Можете да прочитате

ИЈЗ со препораки за заштита од загадениот воздух и чадот од пожарите

ИЈЗ со препораки за заштита од загадениот воздух и чадот од пожарите“

После 7 часа борба со оганот, пожарот во Трубарево ќе се гаси со песок