Утрински Весник
Спорт

Не беа сите среќни меѓу Французите по триумфот над Мароко?

Не беа сите среќни меѓу Французите по триумфот над Мароко?

Франција го победи Мароко со 2:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, но не беа сите среќни во составот на aктуелните шампиони. Забележливо беше дека веднаш по последниот судиски свиреж разговараа селекторот Дидие Дешамп и Кингсли Коман.

dobivaj vesti na viber

Според француските медиуми, напаѓачот бил незадоволен што не учествувал на натпреварот, поради што селекторот морал да разговара со него.

Дешамп на претходните пет натпревари секогаш се потпираше на фудбалерот на Баерн Минхен, но синоќа реши наместо него да го внесе во игра Рандал Коло Муани како замена. Овој потег се покажа како совршен бидејќи играчот на Ајнтрахт Франкфурт постигна гол само 44 секунди по влегувањето на теренот.

Подоцна, за време на неговата прес-конференција, Дешамп објасни дека Коман не е во оптимална форма.

„И тој попладнево имаше треска. Поради оваа причина, го ставив во игра Коло Муани. Како што се наближува крајот на првенството, нашите фудбалери се веќе уморни, а соодветно на тоа слабее и нивната имунолошка заштита. Мора да бидеме внимателни“, изјави Дешамп.

Поради грип мечот го пропуштија и стартерите Дајот Упамекано и Адриен Рабио.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила