Утрински Весник
Култура

Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ гостува во МОБ

Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ гостува во МОБ

Во рамките на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија „Open Balkan Theatre / Театар Отворен Балкан“, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции на 21 декември со почеток во 20.00 часот на големата сцена на Националната опера и балет, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам.

dobivaj vesti na viber

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Леонид Лавровски според Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа. Кореографска реализација: Катарина Обрадовиќ , костимографијата е на Божана Јовановиќ, а сценографијата на Борис Максимовиќ, концерт-мајстор: Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи Бојана Жегарац Кнежевиќ, во улогата на Алберт ќе настапи Хозе Иглесиас, а во улогата на Хиларион ќе настапи Никола Бјанко.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“