Утрински Весник
Спорт

Бузалковски ја одбрани титулата во БМУ-европскиот шампионат

Бузалковски ја одбрани титулата во БМУ-европскиот шампионат

Македонскиот претставник на БМУ Европскиот шампионат во класата F600, Христијан Бузалковски, ја одбрани титулата која ја освои минатата година. Како што беше најавено на почетокот на сезоната, целта уште од првата трка беше освојување на титулата. Христијан тоа го оствари на доминантен начин со освоени десет први места од 12 трки.

dobivaj vesti na viber

Христијан Бузалковски на финалниот пласман заврши со 250 поени, пред Муамар Карајака од Турција кој заврши како втор со 180 поени, додека на трето место заврши Ангел Анев Траков од Бугарија со 176 поени.

Со освоената титула, Бузалковски стана единствениот македонец со три освоени титули на БМУ Eвропскиот шампионат, една во категоријата до 125 кубни сантиметри и две во класата до 600 кубни сантиметри.

Нашиот млад и успешен мотоциклист и покрај тешките предизвици во кариерата, не престанува да ја докажува својата супериорност во брзински мотоциклизам, па така за наредната сезона заедно со својот тим ,,71 Team”, се подготвуваат да направат уште еден чекор напред во неговата кариера.

Оваа сезона нашиот најдобар моторциклист за последен пат се натпреваруваше во натпреварувачката класа до 600 кубни сантиметри. Следен чекор во неговата кариера ќе биде настап во повисоката класа до 1000 кубни сантиметри.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина