Утрински Весник
Свет

(Видео) Осум лица повредени во пожар во Њујорк

(Видео) Осум лица повредени во пожар во Њујорк

Осум лица се повредени во пожарот што избувна вчера во магацин на њујоршката полиција каде се чуваат ДНК докази од местото на злосторството.

dobivaj vesti na viber

Пожарот во „Ери Басен Авто Паунд“, кој се наоѓа на брегот на Бруклин, избувна околу 10:30 часот, изјави шефот на ФДНИ Џон Хоџенс.

Во гаснењето на пожарот учествувале пожарникари, дронови, како и пловни објекти од кои се напојувал магацинот, пренесува ABC News.

Хоџенс рече дека акцијата, пожарот да се стави под контрола, може да потрае неколку дена. Тој додаде дека при гаснењето со полесни повреди се здобиле тројца пожарникари, тројца работници на Брза помош и двајца цивили.

Во магацинот се чуваат ДНК докази, како и велосипеди, мотоцикли и автомобили. Полицијата понекогаш го користи за јавни настани каде уништува нелегални мотоцикли, скутери и теренци.

Можете да прочитате

Нема Нобел, тогаш заборавете на мирот: Трамп со скандалозно писмо до норвешкиот премиер

Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан