Утрински Весник
Македонија

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Денеска се очекува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје облачно и студено, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Од четврток до сабота температурата ќе биде во пораст. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и значителна ниска облачност и таму дневната температура ќе биде пониска. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.

Можете да прочитате

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Собраќајот по наместа влажни коловози, нема задржувања на граничните премини

Православните верници го слават Богојавление-Водици