Утрински Весник
Спорт

Скалони: Ако го сакаш фудбалот, тогаш го сакаш Модриќ

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Dik 300x250 mk

Хрватска и Аргентина утре од 20 часот ќе играат во полуфиналето на Светското првенство во Катар. Според аналитичарите, Аргентина е умерен фаворит и многумина го очекуваат Лионел Меси во финалето на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони на прес-конференција го најави дуелот против Хрватска. Тој му посвети посебно внимание на хрватскиот капитен Лука Модриќ.

„Задоволство е да се гледа Модриќ. Тој е идол за многу луѓе. Не само поради неговиот талент туку и поради начинот на кој се однесува. Го сакам Левандовски, го сакам Модриќ. Ако сакаш фудбал, тогаш сакаш такви играчи“, изјави селекторот на Аргентина.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс