Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јајоска: Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Скопје е блокиран град

(Видео) Јајоска: Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Скопје е блокиран град

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска го создадоа хаосот во Скопје. Поради нивната неспособност, поради нивните кавги за рацете во медот, граѓаните на Скопје се соочуваат со блокади, проблеми во движењето и извршувањето на секојдневните обврски. ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Арсовска не можат да избегаат од одговорноста, тие треба да сработат за да престанат блокадите, изјави денеска Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Таа наведе дека тие како советничка група побарале посебна седница на која ќе се расправа за работењето на ЈСП Скопје, но ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски тоа не го дозволиле.

Јајоска додаде дека покрај колапсот на јавниот превоз, катастрофална е ситуацијата и во другите јавни градски претпријатија. И тука одговорноста е исклучиво кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски. Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на градот.

Наместо проекти и решенија, граѓаните гледаат блокади, кавги за тендери и нефункционалност на институциите. По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на главниот град,изјави Јајоска.

Можете да прочитате

Избувна пожар кај Морани – 24info.mk

Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

Од протестот во Скопје: Барања за одговорност за полицијата, обвинителството и центрите за социјална работа