Утрински Весник
Култура

Во Битола продолжува акцијата „На кино со баба и дедо“

Во Битола продолжува акцијата „На кино со баба и дедо“

Идејата е прекрасна, многу благородна и со радост ја прифативме. Младите треба да ја црпат својата мудрост од генерациски собираното знаење, порачува директорката на КИЦ – Битола, Лили Бошевска.

dobivaj vesti na viber

По прекрасната атмосфера на вчерашната проекција на „Мирно лето“ во Кинотеката во Скопје, на која можеше да се види публика од различни генерации, акцијата „На кино со баба и дедо“ во среда (14 ноември) продолжува во Битола.

Во битолскиот Културно-информативниот центар во 19 часот ќе биде прикажан македонскиот филм „Дедо и внук“ од 2019 година, режисерско остварување на Илија Пиперковски. Станува збор за емотивна семејна драма, која е во дослух во мисијата на целата кампања:

-Идејата е прекрасна, многу благородна и со радост ја прифативме. Младите треба да ја црпат својата мудрост од генерациски собираното знаење, а тоа најдобро може да се добие од баба и дедо. Бидете што почесто со нив и учете од нивното искуство, порачува директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска.

Идејата на акцијата, која е дел од големата кампања на Халкбанк „Да ги слушнеме и гушнеме“ е помладите да им укажат почит на повозрасните, покажувајќи им дека а се тука до нив, со желба да поминат што повеќе време заедно.

-Беше навистина прекрасно да се видат баба и внука, дедо и внук, внуци заедно со баба, дедо и своите родители како уживаат во филмот. Имаше и возрасни луѓе кои на кино ги поканиле своите повозрасни роднини и пријатели. Се надеваме дека барем на дел од нив ова ќе им прерасне во некоја мала традиција. Нашата желба е да потсетиме колку е важна таа меѓугенерациска врска за нашето општество, за нашата традиција. Силно веруваме дека сè уште најважните работи за животот ги учиме според онаа народната од колено на колено. Продолжуваме водејќи се од нашиот слоган Важни се луѓето – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, организатори на кампањата.

Влезот на кинопроекцијата на „Дедо и внук“ е слободен.

„Да ги слушнеме и гушнеме“ е кампања која го свртува вниманието кон повозрасната популација, сакајќи да потсети колку е таа важна за општеството, а нејзиното искуство бесценето во градењето на систем од трајни вредност. Сите настани и активности се најавуваат и документираат на веб-страницата www.cuvarinamudrosta.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“