Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Билансната картица на ЈСП го потврдува долгот од 1.5 милиони евра кон приватните превозници

(Видео) Стоилковски: Билансната картица на ЈСП го потврдува долгот од 1.5 милиони евра кон приватните превозници

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес-конференција ја презентираше билансната картица на ЈСП од 01.01.2022 до 30.11.2022 година.

dobivaj vesti na viber

„Тука се гледа вистинскиот долг на ЈСП кон приватните превозници. Според картичката, на ТД Слобода превоз, ЈСП должи 61.812.593 денари. На Макекспрес превоз ЈСП до 30 ноември должи 29.912.861 денари. Тоа се 1.005.083 евра за Слобода превоз, како и 486.388 евра за Макекспрес превоз. Вкупно долгот на ЈСП кон приватните превозници изнесува 99.725.454 денари или 1.491.471 евра“ рече Стоилковски.

Тој напомена дека „од 12 мај со ЈСП управува директор од редовите на СДС, поставен од Данела Арсовска. Наместо да се санира долгот, СДС и Арсовска веројатно намерно не го покриваат долгот, за да може да се реализира планот за превозот во Скопје да го преземе договорена бугарска фирма, којашто можеби по банкротот на ЈСП би можела и сиот превоз во градот да се предаде на истата фирма“.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?