Утрински Весник
Македонија

Дојава за бомба и во „Џевахир“ и „Ист гејт мол“, објектите се евакуираат

Дојава за бомба и во „Џевахир“ и „Ист гејт мол“, објектите се евакуираат

Дојава за поставени експлозивни направа утрово има и за стамбениот комплекс „Џевахир“ и трговскиот центар „Ист гејт мол“.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Утрово стигнаа повеќе дојави за поставени бомби. Една од последните се однесува на основно училиште во Кавадарци каде се врши евакуација.

Дојава за поставени бомби на електронскиет адреси добиле Градскиот трговски центар, Министерството за надворешни работи и повторно во неколку скопски средни училишта.

Единицата на МВР за антитероризам е на терен во тек е евакуација и проверки на објектите.

Од МНР известија дека веднаш постапиле по насоките од МВР.

„До Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“, велат од Министерството.

Минатата недела освен во средните училишта кои веќе трет месец добиваат закани за бомби, дојави добија Народната банка, Железничката станица и неколку трговски центри.

Можете да прочитате

Средба Николоски – Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

ВМРО-ДПМНЕ: СДС падна на четврто место во Брвеница, а Филипче слави дебакл, граѓаните знаат кој работи и носи резултати