Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција испраќа хуманитарна помош во Украина

Ердоган: Турција испраќа хуманитарна помош во Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе обезбеди хуманитарна помош за Украина за да и помогне да ја преживее „тешката зима“, соопшти денеска кабинетот на Ердоган по неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

– За време на разговорот, претседателот Ердоган посочи дека Турција ќе продолжи да работи на задоволување на хуманитарните потреби на украинскиот народ во претстојните тешки зимски месеци – се наведува во соопштението, кое го пренесе ТАСС.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени