Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

САД им забрани пристап на руските дипломати до советските гробници во Алјаска

САД им забрани пристап на руските дипломати до советските гробници во Алјаска
Img 7972

Американските власти им забранија на руските дипломати да ги посетуваат гробовите на советските војници на гробиштата во воената база во Алјаска, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Руската амбасада во Вашингтон на апликацијата за пораки Телеграм објави дека група руски дипломати го посетиле Енкориџ во петокот и саботата.

„За жал, локалните американски власти, без објаснување, не дозволија дипломатите од амбасадата да ги посетат националните гробишта Форт Ричардсон и да клечат пред гробовите на советските пилоти и морнари кои загинаа на Алјаска во 1942-1945 година“, ја цитира ТАСС руската дипломатка Надежда Шумова.

„Обидите да се добие пристап преку Стејт департментот беа неуспешни, дипломатската нота од (руската) амбасада за таа цел беше игнорирана. Стејт департментот не одговори на барањето за коментар.

За пристап до гробиштата во базата на американската војска Форт Ричардсон потребна е дозвола, пишува на веб-страницата на гробиштата. Руски дипломати ги посетувале гробиштата во минатото, објави амбасадата на Твитер. На гробиштата се погребани девет советски пилоти и уште двајца војници, соопшти ТАСС.

Можете да прочитате

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп