Утрински Весник
Спорт

Би-би-си: Четвртфиналето ќе биде крај за Меси, Модриќ, Англија и Роналдо

Би-би-си: Четвртфиналето ќе биде крај за Меси, Модриќ, Англија и Роналдо

Денес и утре на Светското првенство во Катар ќе се одиграат четвртфиналните натпревари. Медиумите, вообичаено се занимаваат со исходот од четвртфиналните дуели во Катар.

dobivaj vesti na viber

Британскиот јавен сервис Би-би-си, редовно ги прогнозира резултатите од најважните спортски настани. Овој пат ги анализираа овие четвртфинални натпревари.

Во улога на прогнозер и аналитичар се најде, Крис Сатон беше поранешен играч на Блекбурн, Челзи и Селтик…

Досега, Сатон погоди 12 од 16 учесници во осминафиналето. Тој предвидува дека Англија ќе испадне од Франција и дека триколорите ќе ја одбранат титулата освоена пред четири години во Русија.

Поранешниот голгетер предвидува крај за Меси и Аргентина, а верува дека Мароко ќе приреди уште една сензација. Исто така Сатон смета дека Бразил лесно ќе ја совлада Хрватска.

Неговото предвидување за сите четири натпревари:

Хрватска – Бразил 0:3

Холандија – Аргентина 2:1

Мароко – Португалија 1:0

Англија – Франција 1:2

Какви се вашите размислувања Дали се согласувате со оваа прогноза?

Можете да прочитате

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана