Утрински Весник
Македонија

Облачно време со температура до 14 степени

Облачно време со температура до 14 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје значително облачно, претпладне со услови за појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени, информираат од УХМР.

Продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта кон недела и во недела наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа