Утрински Весник
Свет

Луакашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Луакашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина
Ss2

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили.

dobivaj vesti na viber

Државната новинска агенција БелТА објави дека Белорусија преместува сили за да го тестира својот одговор на можни терористички напади.

Img 5587

„ Во овој период се планира преместување на воена опрема и персонал на силите за национална безбедност“, соопшти Советот за безбедност на земјата, а пренесува новинската агенција.

„ Тоа вклучува ограничено движење на граѓаните на одредени јавни патишта и области, а предвидена е и употреба на оружје за имитација“, додаваат од Советот за безбедност. Нема информации кои делови од земјата би можеле да бидат погодени, пренесува Ројтерс.

Белорусија соопшти дека нема да влегува во војна со соседна Украина, но претседателот Александар Лукашенко претходно нареди војници да се распоредат со руските сили во близина на границата со Украина, наведувајќи ги заканите за Белорусија од Киев и Западот. Украина со месеци предупредува дека Белорусија и Русија би можеле да планираат заеднички упад преку северната граница на Украина.

Ss1

Можете да прочитате

Трамп одби да вети дека ќе ги прифати резултатите од изборите во 2024 година

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Дубаи повторно погоден од силен дожд, „Емирати“ откажа летови