Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски во работна посета на Белгија

Претседателот Пендаровски во работна посета на Белгија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Пендаровски, во Монс, на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од страна на Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, по што ќе биде остварена средба на која ќе се разговара за безбедносните предизвици на европскиот континент.

Во Брисел, претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк – тенк) Пријатели на Европа.

Претседателот Пендаровски ќе има обраќање за односите ЕУ – Западен Балкан низ призма на руската инвазија на Украина, статусот на земјите-кандидати за ЕУ, процесот на пристапните преговори на Северна Македонија и политиката на проширувањето на ЕУ.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди