Утрински Весник
Свет

Нехамер: Западен Балкан е важен за ЕУ

Нехамер: Западен Балкан е важен за ЕУ
300x250 (7)

Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, денеска во Тирана истакна дека партнерството со Западен Балкан е стратешки важно не само за Австрија, туку и за целата ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Добро е што Самитот ЕУ-Западен Балкан се одржува за првпат во земја од регионот. Со тоа испраќаме видлива порака дека нашето зближување е важно, рече тој.

Ss1

Прашан за Акцискиот план на ЕУ против миграцијата во Западен Балкан, тој рече дека тоа е првиот важен чекор во борбата против илегалната миграција.

Сепак, тој посочи дека мигрантскиот бран не постои само преку балканската рута, туку и преку Бугарија и Романија.

Австрија има свои барања, а тоа се обезбедување на надворешните граници на ЕУ, за решавање на прашањето за протерување на илегалните мигранти. Има уште многу теми за разговор, рече тој.

Нехамер истакна дека Австрија во моментов не дава согласност за продолжување на шенген кон Романија и Бугарија и дека е потребно повеќе време.

Имаме 75.000 нерегистрирани мигранти во Австрија, а тие влегле преку земја од ЕУ. Прво треба да ги решиме овие прашања. Ако од 100.000 откриени мигранти, 75.000 не се регистрирани, тоа е проблем, посочи тој.

Нехамер рече дека не се работи само за безбедноста на Австрија, туку и на ЕУ.

Ss1

Можете да прочитате

Вулкан еруптираше во источна Индонезија

Бројот на заразени со норовирус на фестивалот во Германија се зголеми на над 800

Хамас го разгледува предлогот за прекин на огнот: Утре нова рунда преговори во Каиро