Утрински Весник
Свет

Русија и Украина денеска ќе разменат по 60 воени заробеници

Русија и Украина денеска ќе разменат по 60 воени заробеници

Русија и Украина се подготвени денеска да разменат по 60 воени заробеници, изјави прорускиот лидер на самопрогласената Доњецка Народна Република Денис Пушилин.

dobivaj vesti na viber

Пушилин на Телеграм напиша дека денеска се случува уште една размена на заробени војници со Украина по принципот 60 за 60.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека пристигнал на територијата на Донбас.

„Традиционално, овој ден го славам на првите линии со нашите борци. Денеска сме во Донбас“, рече Зеленски во видеопораката по повод Денот на вооружените сили на Украина, кој се слави на 6 декември.

Можете да прочитате

Хектар обработливо земјиште во ЕУ се проценува на 15.224 евра во 2024 година

Во Словенија се зголеми минималната плата

Речиси 90 мртви во снежна бура во САД