Утрински Весник
Македонија

Инвестиции за најмладите – Аеродром добива три нови детски игралишта

Инвестиции за најмладите – Аеродром добива три нови детски игралишта
Dik 300x250 mk

Дечињата треба да растат и да се развиваат во урбана општина, со нови и модерни игралишта наменети токму за нив. Поради ова, Општина Аеродром оваа есен инвестира средства во изградба на три нови игралишта во Горно Лисиче, Населба Лисиче и Мичурин.

dobivaj vesti na viber

Овие игралишта се изведуваат во дворот на ООУ „Гоце Делчев“, на ул. „Мите Богоевски“ и во непосредна близина на „Танец“.

Сите добиваат најсовремени реквизити, а како дел од завршната фаза ќе биде поставена и соодветна подлога. Активностите за изградба на новите детски катчиња се дел од есенската градежна офанзива чија цел е да обезбеди подобри услови за живот на повозрасните и игра и развој за помладите жители на Аеродром.

Во рамките на овие градежни активности се инвестираат буџетски средства во изградба на улици, паркинзи, детски и спортски игралишта во неколку населени места.

„Децата се иднината на Аеродром и наша обврска е да го дадеме најдобро од нас за нив. Поради ова општината обезбеди средства од буџетот кои ги намени за изградба на нови детски игралишта. Убеден сум и се радувам што овие игралишта ќе бидат нивно омилено место во општината. Со забрзано темпо и со голем број инвестиции за најмладите аеродромци ќе продолжиме и во следната 2023 година“, истакна градоначалникот Муцунски.

Изминатата година ја одбележаа инвестиции во проекти за сите категории на граѓани. Општината Аеродром и во следната година продолжува со активности за изградба на нови и реконструкција на постоечките детски и спортски игралишта. Во буџетот за 2023 година планирано е да продолжи изградба на објекти од ваков тип.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман