Утрински Весник
Магазин

Корисниците на Фејсбук пријавија проблеми

Корисниците на Фејсбук пријавија проблеми

Многу корисници на „Фејсбук“ не можеа да вчитаат страници и имаа проблеми со њуз-фид во понеделникот навечер.

dobivaj vesti na viber

Повеќето од нив се обратија на веб-страницата „Даундетектор“ – онлајн платформа која обезбедува информации за статусот на популарните интернет ресурси – за да го објаснат својот проблем.

Според веб-станицата, проблемите започнале околу 18:00 часот.

Корисниците, исто така, се огласија на „Твитер“ за да прашаат дали другите се соочуваат со слични проблеми. Некои од нив твитнаа: „Дали падна Фејсбук? Не можам да пристапам до мојот њуз-фид, мојата Фејсбук-страница и моите омилени ФБ страници“.

Можете да прочитате

Кога е време да се фрли тавата

Дали путерот и сирењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања

Пет мали навики можат да ви помогнат да бидете посреќни секој ден