Утрински Весник
Спорт

Ливаковиќ одбрани три пенали – Хрватска преку Јапонија до четврт-финалето

Ливаковиќ одбрани три пенали – Хрватска преку Јапонија до четврт-финалето
Img 5587

Хрватска повторно е во четврт-финале на едно Светско првенство, откако по неубедливите 1:1 во регуларните 90 минути и во половина час продолженија, голманот Доминик Ливаковиќ беше херој на „коцкестите“ бранејќи ги три обиди на јапонскиоте фудбалери за вкупна 3:1 победа.

dobivaj vesti na viber

Јапонците, кои на Мундијалот веќе ги победија Германците и Шпанците, беа поконкретни во првото полувреме, и тоа го искористија во 43. минута, кога Даизен Маеда ја искористи конфузијата во хрватската одбрана за да донесе водство за „самураите“. Второто полувреме започна во знак на „коцкестите“, откако во 54. минута, Дејан Ловрен одлично му асистираше, а Иван Перишиќ постигна фантастичен гол со глава за израмнување.

Img 5587

Набргу потоа, Лука Модриќ имаше фантастичен удар, кој со одлична реакција го одбрани голманот Шуичи Гонда, но потоа Јапонците полека ја вратија рамнотежата и на крајот беше јасно дека битката ќе продолжи и по 90-те минути.

Во пенал-серијата, Ливаковиќ ги одбрани обидите на Минамино и Митома, а откако Влашиќ и Брозовиќ беа прецизни за Хрватска, Марко Ливаја ја зголеми драмата кога ја погоди стативата, но Ливаковиќ во следниот обид го сопре и обидот на Јошида, пред Марио Пашалиќ да го запечати пласманот со сигурен гол.

Хрватска во четврт-финалето ќе игра со подобриот од мечот Бразил-Јужна Кореја.

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024