Утрински Весник
Магазин

Фановите на Тејлор Свифт ја тужат „Тикетмастер“ за местење цени и измама

Фановите на Тејлор Свифт ја тужат „Тикетмастер“ за местење цени и измама
Ss2

По дебаклот за купување билети за северноамериканската турнеја на Тејлор, „Ерас“, и откако „Тикетмастер“ ја откажа општата продажба на билети поради големата побарувачка и недоволните залихи на билети, голем број фанови сега ја тужат компанијата, дознава „ТМЗ“.

dobivaj vesti na viber

Според истиот извор, компанијата за продажба и дистрибуција на билети е тужена за „измама, местење цени и кршење на антимонополските прописи, како и намерна измама, откако препродавачите, односно брокерите на билети, откупиле голем број билети.“

Ss1

Во тужбата е наведено – имајќи предвид дека Ticketmaster е вклучен и на примарниот пазар и на секундарниот пазар за продажба на билети –  тие свесно им дозволиле на таканаречените скалпери на билети (брокери за билети) да влезат во претпродажба на концертите.

Во меѓувреме, Ticketmaster претходно им се извини на Тејлор и нејзините фанови, по дебаклот пред продажбата.

Компанијата за продажба и дистрибуција на билети наиде на силни критики  откако најави откажување на општата продажба на билети.

Ss1

Можете да прочитате

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Почина таткото на Тоше Проески

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение