Утрински Весник
Македонија

Автомобил удри во двајца пешаци во Битола

Автомобил удри во двајца пешаци во Битола

Автомобил удри во двајца пешаци на улицата Добривоје Радосавлевиќ во Битола.

dobivaj vesti na viber

Едниот од пешаците, како што информираа од МВР се здобил со тешки повреди.

„Синоќа на улицата Добривоје Радосавлевиќ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Т.(28) од Битола, удрило во пешаците В.П.(54) и И.П.(52). Во несреќата, В.П. се здобил со тешки телесни повреди, а И.П се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.

Увид извршила полициска екипа.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница