Утрински Весник
Македонија

Тупанчески-Маленица во Загреб: Хрватска преку своите искуства ќе го помогне евроинтегративниот процес на Македонија

Тупанчески-Маленица во Загреб: Хрватска преку своите искуства ќе го помогне евроинтегративниот процес на Македонија

Зајакнувањето на билатералната соработка помеѓу Македонија и Хрватска во делот на правосудството како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23: „ Правосудство и темелни права”, беа главните теми на кои во Загреб разговараа министерот за правда Никола Тупанчески и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разменија мислења за прашања преку кои нашата држава може да извлече практични и корисни искуства од Хрватска значајни за евроинтегративниот процес.
„ Хрватска е добар пример за следење во однос на исполнувањето на конкретните задолженија во правосудството за зачленувањето на нашата држава во Европската Унија.Поглавјето 23 е едно од најобемните и сложени поглавја, а брзината и времетраењето на преговорите во оваа област дирекно влијаат врз напредокот на преговарачкиот процес”, рече Тупанчески.

Хрватскиот министер Иван Маленица посочи дека во наредниот период ќе се интензивира соработката и дијалогот меѓу двете држави во насока на наоѓање решенија базирани на европските вредности.

На средбата се разговараше и за искуството на Хрватска за ветингот во правосудниот систем,сузбивањето на организираниот криминал и корупција, како и за имплементацијата на билатералните договори меѓу двете држави и закондавната агенда. Тупанчески и Маленица имаа свои обраќања и на Загребско-скопскиот колоквиум кој се одржа на Правниот факултет во Загреб.

Можете да прочитате

Пожар во стан во Скопје, еден пожарникар пренесен во блоница

МВР уапси 16 лица затоа што кај нив била најдена дрога

СДСМ: Македонскиот идентитет е зачуван – Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагата