Утрински Весник
Спорт

Стерлинг одлета за Англија поради вооружен грабеж во неговиот дом

Стерлинг одлета за Англија поради вооружен грабеж во неговиот дом

Англискиот напаѓач Рахим Стерлинг ја напушти репрезентацијата на Англија и се врати во земјата поради „семејни причини“, објави ФА во неделата. Тој не беше дел од тимот на Герет Саутгејт во осминафиналето на СП против Сенегал. Англичаните славеа со 3:0 и сега ќе го предизвикаат светскиот првак Франција во четвртфинална пресметка.

dobivaj vesti na viber

Се испостави дека во домот на Рахим Стерлинг во Лондон провалиле вооружени крадци додека во неа било неговото семејство, па 28-годишниот фудбалер бил принуден веднаш да одлета од Катар.

Напаѓачот на Челси има три деца.

„Понекогаш фудбалот не е најважен и семејството мора да биде на прво место“, изјави селекторот Герет Саутгејт. „Ќе му дадеме малку простор и ќе видиме како ќе се одвиваат работите во следните неколку дена“, додаде Саутгејт.

Стерлинг постигна еден гол на турнирот, во воведната победа од 6:2 над Иран.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара